• понеделник, 23 декември 2024
На денешен ден
18 јануари 2020 (МИА)     1535.- Шпанскиот освојувач Франциско Пизаро ја основал Лима, главен град на Перу.  654.- Водачот на запорошките козаци Хетман Богдан Хмељницки по победата над полската војска ја признал врховната власт на московскиот цар, со што Украина се обединила со Русија. Козачкото востание избило во 1648 година во кое набрзо се приклучиле селаните, градското население и православното свештенство, кои биле огорчени од насилствата од Пољаците кои во Украина насилно го покатоличувале населението.  1689.- Во Бордо е роден Шарл Луј Монтескје, еден од најголемите француски филозофско-политички писатели. Со Волтер, Русо и Дидро, бил претходник на француската револуција. Во главното дело "Духот на законот" ја изнел теоријата за поделбата на законодавна, извршна и судска власт, која и денес е темел на западната парламентарна демократија. Умрел во Париз, на 10 февруари 1755 година.  1778.- Англискиот морепловец Џемс Кук ги открил Хаваите.
  1. – Во Охрид се родил Григор Ставрев Прличев, истакнат македонски писател од времето на ромнантизмот и значаен претсавник на македонската книжевност од XIX век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики, епохата во која живее и работи, како и класицизмот и романтизмот како стилски белези. Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов. Извесно време се вработил како терзија, а подоцна станал учител во Тирана, Албанија. Во 1849 година се запишал како студент по медицина на Атинскиот универзитет. Во текот на 1850-59 година повторно се враќа во Македонија и учителствува на повеќе места: Долна Белица, Битола, Прилеп и Охрид, за да си обезбеди услови за продолжување на студиите. Во 1859 година повторно доаѓа во Атина како студент на втора година по медицина. Во овој период ја пишува поемата „Сердарот“. Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик, паричен дел и ловоров венец. Истата година делото излегува од печат. Поетската творба „Сердарот“ се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За неа авторот во Атина го добива од критиката епитетот Втор Хомер. Други позабележителни негови творби се Автобиографијата и словото-есеј „Чувај се себеси“, поемата „Скендербег“ и мала серија песни за деца кои се сметаат за родоначалнички во македонската литература.
1862.- Во Цариград, во полициската болница, умрел Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби. По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година станал учител во селото Трново, Битолско. На 14 октомври 1849 година се запишал на Филозовскиот факултет (филолошка група) во Атина. По завршувањето на студиите престојувал во манастирот "Зограф" на Света Гора. По враќањето во Струга, станал учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запишал и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувал во неговиот весник "Братски труд", како и во весникот "Дунавски лебед". На 24 јуни 1861 година во Загреб излегол Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитар и Константин Миладинови. Роден бил во Струга, во 1830 година.  1871.- Прускиот крал Вилхелм Први во Версај, кај Париз, бил прогласен  за прв цар на обединетото Германско царство. Под водството на канцеларот Ото фон Бизмарк Прусија ги обединила разните германски држави.  1882.- Роден бил англискиот писател Ален Александр Милн, автор на многу популарни романи за деца. Дела: романите „Кога бевме многу млади“, „Вини Пу“, „Куќата на Пуовиот агол“, „Сега сме шестмина“.  1886.- Роден бил францускиот скулптор и сликар од руско потекло Антоан Певзнер, еден од најистакнатите претставници на движењето на руските конструктивисти. Студирал во Киев и во Петроград, а во Франција емигрирал во 1923 година. Создавал во манирот на апстрактниот конструктивизам, но подоцна експериментирал со динамични спирални конструкции и ритмички развиени објекти.  1892.- Роден е американскиот филмски актер, симпатичниот дебелко Оливер Норвел Харди кој заедно со Стен Лорел и денес ја засмејуваат публиката во целиот свет. Филмови: „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“ , „Голема работа“, „Нашата жена“, „На Дивиот запад“.  1896.- Во Париз умрел Пол Верлен, француски поет, кој значително влијаеше врз симболичната школа. Песните му се непосредни, полни со лиризам и музика. Роден е во Мета, на 30 март 1844 година.  1904.- Роден е американскиот филмски актер од англиско потекло Арчибалд Александер Лич, познат како Кери Грант, кој се истакнал како врвен комичар во комедиите на Хаурад Хокс, но и како толкувач на карактерни улоги во филмови на Алфред Хичкок. Филмови: „Страотна вистина“, Само ангелите имаат крилја“, „Филаделфиска приказна“, „Осомничен“, „Ден и ноќ“, „Мајмунски работи“, „Држете го крадецот!“, „Север-северозапад“ и други.  1913.- Роден е американскиот театарски и филмски актер Дејвид Даниел Камински, познат како Дени Кеј, врвен комичар кој се ангажирал и во УНИЦЕФ, агенција на ОН за помош на децата. Филмови: „Чудо од човек“, „Момчето од Бруклин“, „Се роди песната“, „Тајниот живот на Волтер Мити“, „Ревизор“ и други.    1916.- Во Прилеп е роден Волче Наумчески, македонски писател. Со книжевна работа почна да се занимава во 1936 година, а напоредно со тоа и со револуционерна дејност. Подоцна заминал во Софија, каде што станал член на Македонскиот литературен кружок. Во 1939 година ја обрајвил првата стихозбирка на македонски јазик „Иди пролет“, отпечатена во Битола. Објави голем број стихозбирки за деца. Умрел во Скопје, на 20 март 1980 година.  1919.- Францускиот претседател на владата Жорж Клемансо ја отворил Версајската мировна конференција по победата на силите на Антантата врз Централните сили во Првата светска војна. На собирот на 27 претставници на државите победнички право на одлучување имаа само Велика Британија, САД и Италија. Со Мировниот договор потпишан на 28 јуни 1919 година Германија ја презела одговорноста за војната, се обврзала да ги исплати воените штети и и било забрането вооружувањето. Биле создадени новите држави Полска, Унгарија, Чехословачка, Естонија, Летонија, Литванија и Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.  1923.- Во Дебар е роден Љутви Руси, прозаист од албанска националност во Македонија. Негови најзначајни дела се „Партизански приказни“, „Калење“, „Ибе Паликуќа“, „Двајца другари“, „Сомневање“, „Лиман Каба“ и „Глувонемиот“. Од македонски на албански јазик го превел делото „Везилка“ од Блаже Конески. Умрел во Скопје, на 28 февруари 1981 година.  1987.- Во Рим умрел Ренато Гутузо, најголемиот современ италијански сликар. Роден бил во Багерија, кај Палермо, во 1912 година.  1992.- Самонаречената турска Република Северен Кипар ја признал независноста на Република Македонија.  1993.- Владата на Република Македонија донесла одлука за воспоставување дипломатски односи на Република Македонија со Република Белорусија.  1995.- Струмица станала членка на Федерацијата на карневалските градови.  1995.- Република Молдавија ја признала Република Македонија.  1996.- Владејачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избрала Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесол оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.  1997.- Австрискиот канцелар Франц Враницки по 11 години служба поднесол оставка на функцијата.  2000.- Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесол оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал, односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводел германската Влада.  2004.- Во експлозија на автомобил-бомба пред седиштето на привремената администрација на САД во Багдад загинале најмалку 25 луѓе. 2016.-  На 67-годишна возраст во Њујорк починал Глен Фреј, американски гитарист, соосновач и член на една од најпознатите рок групи во САД - Eagles. ###

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан