• петок, 05 декември 2025

На ГП „Табановце“ приведен државјанин на Романија, му пронашле дрога

На ГП „Табановце“ приведен државјанин на Романија, му пронашле дрога

Скопје, 19 август 2025 (МИА) - Државјанин на Романија бил приведен затоа што при обид за влез во државава преку граничниот премин „Табановце“, кај него била пронајдена дрога, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Синоќа околу 22 часот на граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.О., на возраст од 36 години од Романија. При гранична проверка и преглед на патничко возило „бмв“ со романска национална ознака, што А.О. го управувал, била пронајдена и одземена марихуана, појаснија од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што истакнаа, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/са/

Фото: „Фејсбук“ - страница на Министерство за внатрешни работи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан