• понеделник, 23 декември 2024

На ГП Богородица за излез од државата се чека околу еден час

На ГП Богородица за излез од државата се чека околу еден час

Скопје, 9 јули 2023 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Богородица за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираа утрово од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан