• петок, 26 јули 2024

На ГП „Богородица“ до 12 часот излез оствариле 9.628 патници, од кои 7.433 се македонски државјани

На ГП „Богородица“ до 12 часот излез оствариле 9.628 патници, од кои 7.433 се македонски државјани

Струмица, 8 септември 2022 (МИА) - Во период од 00:00 до 12:00 часот денеска излез од граничниот премин „Богородица“ оствариле вкупно 9.628 патници, од кои 7.433 се македонски, а 2.195 се странски државјани, информираат од Полициската станица при Граничниот надзор.

Во текот на вчерашниот ден вкупно 9.239 патници оствариле излез од ГП „Богородица“, од кои 5.785 се македонски, а 3.454 се странски државјани. На овој граничниот премин нема поголеми задржувања, односно како што информираат се чека околу 30 минути. На граничниот премин „Стар Дојран“ во период од 11:00 часот на 7 септември до 11:00 часот денеска излез оствариле вкупно 2.390 патници, од кои домашни 1.873 и странски државјани 517.

Задржување на ГП „Стар Дојран“ за излез од државата е околу 15 минути. рт/ки/

Остани поврзан