• сабота, 06 декември 2025

На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, поседувал кршуми

На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, поседувал кршуми

Дебар, 19 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од Регионалниот центар Запад, на граничниот премин „Блато“ кај Дебар, лишиле од слобода албански државјанин, кај кого биле пронајдени куршуми.

- Вчера во 14.50 часот, на граничниот премин „Блато“, при влез во нашата држава, полициски службеници од регионалниот центар Запад, го лишија од слобода  Х.Л.(46) од Република Албанија затоа што при гранична контрола кај него се пронајдени и одземени два куршуми, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Известен е јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Дебар за понатамошна постапка. вт/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан