• понеделник, 23 декември 2024

На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата

На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале  нелегално преминување на границата

Тирана, 4 јуни 2024 (МИА)- На меѓурадониот аеродром во Тирана уапсени се шеснаесет припадници на  граничната полиција,  осомничени дека се вмешани во корупциска шема за илегално префрлање на лица во земјите од Европската унија, објавија албанските медиуми.

Според соопштението на Обвинителството на Тирана, полициските службеници во соработка со сопственик на туристичка агенција обезбедиле можности за премин на најмалку 200  албански државјани депортирани од различни земји на Европската унија. 

Тие се сомничат за „злоупотреба на должноста“ и „пасивна корупција“ а за "услугата" наплаќале по 500 и повисока евра.

Сопственикот на агенцијата која соработувала е уапсен пред неколку дена, откако бил фатен со наркотици. Оваа незаконска активност, според Обвинителството, траела една година - од март 2023 до март оваа година. вт/
Фото: МИА

Остани поврзан