• сабота, 03 август 2024

Најтешкиот пораз на хрватските ракометари на Олимписките игри

Најтешкиот пораз на хрватските ракометари на Олимписките игри

Париз, 2 август 2024 (МИА) - Хрватските ракометари претрпеа тежок пораз од селекцијата на Шведска со 38:27 во четвртото коло од групата А на олимпискиот турнир.

Така, пласман во четвртфиналето ќе мора да бараат на последниот меч против Шпанија.

Хрватите почнаа добро и во неколку наврати имаа плус четири гола на своето конто. Потоа дојде до голем пад во играта што им овозможи на Швеѓаните да го наметнат својот ритам. Продолжија проблемите за Хрватите и во одбраната и во нападот, па репрезентативците од северот на Европа брзо стигнаа до 18:15.

Швеѓаните на своја страна го имаа расположениот голман Андреас Паличка, кој го бранеше и невозможното, додека тоа не беше случај на другата страна.

Во вториот дел Хрватска постигна гол едвај на истекот на шестата минута. Дувњак го прекина постот за 23:16. Тогаш веќе беше јасно дека Хрватска нема да може да ја достигне предноста на ривалот, која само растеше од минута во минута.

Ова е дефинитивно најтешкиот пораз на Хрватска на Олимписките игри, а тие ќе се обидат да победат против Шпанија во последното коло од групната фаза за пласман во четвртфиналето. дс

Фото: Х/Ракометна федерација на Хрватска

Остани поврзан