• среда, 25 февруари 2026

Најмногу дожд во Пожаране, 23 литри на метар квадратен

Најмногу дожд во Пожаране, 23 литри на метар квадратен

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Најмногу дожд изминатото деноноќие, до седум утрово, наврнал во Пожаране, 23 литри на квадратен метар, соопштија од УХМР.

Потоа 22 - Mаврови Анови, 14 - Тетово, 12 - Охрид, 8 - Попова Шапка, 6 - Претор, Лазарополе, 5 - Крушево, 4 - Гевгелија, 2 - Берово, Битола, 1 - Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Тополчани.

Најстудено утрово било на Попова Шапка со -3 Целзиусови степени, а најтопло во Гевгелија, 6 степени.

Според синоптичарите, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа повремено ќе бидат пообилни. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, претпладне од јужен, а кон крајот на денот од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 Целзиусови степени.

За во Скопје најавено е облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а попладне од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени. бд/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан