Најмалку 20 повредени во земјотресот во Петриња
- Најмалку 20 лица се повредени во денешниот силен земјотрес во Петриња, од кои две лица се тешко повредени, а 18 се полесно повредени, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на информац

Петриња, 29 декември 2020 (МИА) - Најмалку 20 лица се повредени во денешниот силен земјотрес во Петриња, од кои две лица се тешко повредени, а 18 се полесно повредени, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на информации од болницата во Сисак.
Пациентите се транспортираат и во болниците во Загреб.
Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој околу 12,20 часот ја погоди областа Петриња, а силно се почувствува и во Загреб, загина 12-годишно девојче.
Градоначалникот на Петриња Даринко Думбович ја спореди состојбата во градот со Хирошима. паг/