Најмалку 18 мртви во воздушни напади во иранска провинција
- Најмалку 18 лица се убиени во воздушни напади во провинција што се граничи со иранскиот главен град Техеран, објавија денеска иранските медиуми.
Техеран, 7 април 2026 (МИА) - Најмалку 18 лица се убиени во воздушни напади во провинција што се граничи со иранскиот главен град Техеран, објавија денеска иранските медиуми.
Уште 24 жители на провинцијата Алборз се повредени во американско-израелскиот судир.
Бомбардирањата погодија станбени области, изјави заменик-гувернерот на Алборз. Спасувачките екипи се на должност 24 часа, додаде тој.
Израел и САД се вклучени во воени операции против Иран од 28 февруари, додека Техеран одговори со повторени ракетни напади врз Израел и други земји во регионот. мс/сд/
фото: ДПА