Најмалку шест загинати и 26 ранети во американските ракетни напади на околината на Сана
- Јеменските бунтовници Хути соопштија дека најмалку шест лица загинале, а 26 се ранети во ноќните воздушни напади на САД околу главниот град на Јемен, Сана, кој е во нивни раце, и дека собориле уште едно американско беспилотно летало М-9 Рипер.

Сана, 14 април 2025 (МИА) - Јеменските бунтовници Хути соопштија дека најмалку шест лица загинале, а 26 се ранети во ноќните воздушни напади на САД околу главниот град на Јемен, Сана, кој е во нивни раце, и дека собориле уште едно американско беспилотно летало М-9 Рипер.
Пред речиси еден месец, започнаа интензивните американски воздушни напади под водство на претседателот Доналд Трамп, насочени кон бунтовниците Хути за нивните напади врз бродови во водите на Блискиот Исток како поддршка на палестинскиот Хамас во војната со Израел во Газа.
Според соопштението на Министерството за здравство на Хутите, објавено денеска, во тие напади досега загинале повеќе од 120 лица. рп/
Фото: МИА архива