• вторник, 24 декември 2024

Најмалку четири лица загинаа во снежната бура Филимена во Шпанија

Најмалку четири лица загинаа во снежната бура Филимена во Шпанија
Мадрид, 9 јануари 2021 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа во снежната бура Филомена во Шпанија, а сообраќајот е парализиран во некои делови на земјата. Војската и спасувачките служби извлекоа 1.500 луѓе од автомобилите што останаа завеани на патиштата. Маж и жена се удавија во река кога автомобилот им потонал во надојдената вода во близина на Малага, додека на истокот од земјата бездомник почина од смрзнување. Четвртата жртва е пронајдена во Мадрид, под големо количество снег. Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба. - Се соочуваме со најсилното невреме во последните 50 години, рече тој. Снегот парализира повеќе од 650 патишта, а некои возачи се завеани во автомобилите. Училиштата и универзитетите во Мадрид ќе бидат затворени до среда, а аеродромот не е отворен од синоќа. Најмалку 50 летови се откажани. Одложени се и фудбалските натпревари, вклучувајќи го и денешното дерби Примера Атлетико Мадрид - Атлетик Билбао. Мадрид е погоден од најсилната снежна бура од 1971 година, соопшти метеоролошката агенција. Во главниот град на Шпанија падна снег меѓу 25 и 50 сантиметри. паг/    

Остани поврзан