• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку четворица мртви во најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години

Најмалку четворица мртви во најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години

Тајпеј, 3 април 2024 (МИА) - Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, а според засега достапните информации четири лица загинаа, а десетици се повредени. Бројот на жртви се очекува да се зголеми, наведуваат локални медиуми, посочувајќи дека станува збор за најсилниот земјотрес во последните 25 години во оваа земја.

Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот, посочувајќи дека најмалку 26 згради се урнале ли оштетиле.

Локалните медиуми јавуваат дека во зградите има заглавени луѓе, а според последните информации на тајванската противпожарна служба загинале четири лица, а околу 60 се повредени.

Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија, а тој се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри од јужниот брег. Во Тајпеј сè уште се чувствуваат последователни потреси, со најмалку 25 досега, според жителите. Повеќе од 87.000 домаќинства останаа без струја, а запрени се и брзите железнички возови.

Јапонскиот центар за земјотреси објави дека неколку помали цунами стигнале до јужната префектура Окинава и подоцна го укина предупредувањето за плимниот бран.

Сеизмолошката агенција на Филипините исто така издаде предупредување за жителите на крајбрежните области и ги повика да се засолнат на повисоките места. Земјотресот е почувствувани во Шангај, Кина. ссм/

фото: принтскрин

 

 

Остани поврзан