• сабота, 06 декември 2025

Најмалку петмина загинати при уривање на станбена зграда во Пакистан

Најмалку петмина загинати при уривање на станбена зграда во Пакистан

Карачи, 4 јули 2025 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа, а шест се повредени при уривање на станбена зграда во Карачи, најголемиот град во Пакистан, соопшти денеска локалната полиција.

Полицијата се сомнева дека во урнатините има заглавено уште луѓе.

Петкатната станбена зграда се урнала околу 5 часот наутро, односно 10 часот по локално време. јт/

Фото. МИА архива

Остани поврзан