• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку десет нови дестинации од двата аеродрома и силен инвестициски циклус во железницата, најави Николоски

Најмалку десет нови дестинации од двата аеродрома и силен инвестициски циклус во железницата, најави Николоски

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, како и силен инвестициски циклус во железницата, најави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски на прес-конференција истакна дека во земјава ќе има влез и на нови авио компании, а во однос на железницата, дека првата фаза од проектот „градски воз“ се очекува да се реализира до отомври следната година.

-Железицата за мене е иднината. Состојбата што ја наследивме беше катастрофална. Немаше ниту една локомотива што можеше да вози, имаше нула локомотиви, само девет композиции лежеа на македонските пруги. Сега имаме седум локомотиви на располагање, се оспособува осмата. Сакам да споделам само еден податок, дека во август вкупно по македонските пруги поминале 31 товарен воз, а само последнава недела 70 товарни возови. Планираме силни инвестициски циклуси следната година, како и реконструкција на пругата од Табановце до Гевгелија, рече Николоски по повод сработеното во првите 100 дена.

За изградбата на брзата пруга Табановце - Гевгелија или Скопје - Солун, Николоски следната пролет очекува добри вести и почеток на конкретни активности.

 

Министерот рече дека од понеделник ќе објави најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома.

-Тоа ќе значи 200 000 повеќе патници следната година. Ќе има и нови компаниии нови дестинации, рече Николоски.

Тој најави и реконструкција на терминалната зграда на Охрдискиот аеродром. мч/нд/

фото: МИА архива и пирнт скрин

Остани поврзан