Најмалку две лица загинаа во руските напади во Харков
- Најмалку две лица загинаа, а шест беа ранети денеска во руските напади врз Харков, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов.

Москва, 30 април 2024 година (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а шест беа ранети денеска во руските напади врз Харков, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов.
„Според првичните извештаи, две лица се убиени, а шест се повредени во нападите на Харков“, напиша Синегубов на Телеграм.
Харков, каде што живеат повеќе од 1,4 милиони луѓе пред војната и лоциран во близина на границата со Русија, се повеќе е цел на руските напади во последните неколку недели.
Во нападите значително беше оштетена електричната инфраструктура, поради што во градот беа воведени рестрикции за електрична енергија. паг/
Фото: МИА архива