• вторник, 18 март 2025

Најмалку две лица загинаа, а 19 се повредени во израелски напади во јужна Сирија

Најмалку две лица загинаа, а 19 се повредени во израелски напади во јужна Сирија

Дамаск, 17 март 2025 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а 19 се повредени во израелските бомбардирања во јужната сириска провинција Дара, соопштија сириските медиуми.

Израелските вооружени сили ги потврдија нападите, кои се најнови во серијата против сириската воена инфраструктура. Тие рекоа дека нападнале воен штаб и складишта за оружје и опрема.

Во меѓувреме, меѓународните донатори се собраа денеска во Брисел во знак на поддршка за Сирија, надевајќи се дека ќе ги охрабрат новите лидери на земјата опустошена од конфликтот кон мирна политичка транзиција по соборувањето на претседателот Башар ал Асад во декември.

Сирискиот министер за надворешни работи Асад Хасан ал-Шибани присуствуваше на конференцијата, деветта од ваков вид, што стана првиот висок претставник на Дамаск на ваков настан.

Земјите донатори, вклучително и Европската унија, ветија 5,8 милијарди евра помош за Сирија, што е помалку од нивната претходна заложба поради недостатокот на придонес од Соединетите држави. Еврокомесарката, Дубравка Шуица, прецизираше дека со заеднички напори се доделени 4,2 милијарди евра грантови и 1,6 милијарди евра заеми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан