• среда, 17 декември 2025

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Гватемала Сити, 9 јули 2025 (МИА) – Најмалку две лица загинаа во серијата земјотреси што синоќа се регистрирани во Гватемала.

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Гватемала, со епицентар на околу 60 километри од главниот град. Потоа уследија серија земјотреси со магнитуда од 3,9 до 5,6 степени според Рихтер.

Земјотресите предизвикаа и материјална штета, што дополнително ќе се проценува. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан