• понеделник, 23 декември 2024

Најбогатите 10 отсто белгиски домаќинства поседуваат 55 проценти од богатството на Белгија 

Најбогатите 10 отсто белгиски домаќинства поседуваат 55 проценти од богатството на Белгија 

Брисел, 14 јануари 2023 (МИА) - Најбогатите 10 отсто белгиски домаќинства во 2023 година поседувале 55 проценти од вкупното богатството на земјата, покажуваат статистичките податоци на Националната банка на Белгија (БНБ). 

Ваквата стапка претставува намалување во однос на 2011 година, кога 10-те проценти најбогати белгиски домаќинства поседувале 59 отсто од националното богатство. 

Според БНБ, намалувањето на уделот на најбогатите во вкупното богатство е резултат на порастот на цените на недвижностите, имајќи предвид дека над половина од вкупното богатство на белгиските домаќинства или 1.596 милијарди евра отпаѓа на станбен простор. 

Дополнително влијание на ваквите показатели има и тоа што процентот на домаќинства во Белгија што поседуваат сопствени домови е над просекот во Еврозоната. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан