• четврток, 06 март 2025

Јаневска ќе го посети институтот на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија во Италија

Јаневска ќе го посети институтот на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија во Италија

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска ќе го посети институтот на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија во Испра, Италија.

Посетата, како што информира ресорното министерство, е во насока на продлабочување на соработката со Здружениот истражувачки центар, преку која Министерството за образование и наука ќе добие дополнителна поддршка за имплементација на Стратегијата за паметна специјализација, во форма на експертиза, размена на позитивни практики, методологии и научни пристапи за јакнење на националниот систем за истражување и иновации.

Здружениот истражувачки центар (Joint Research Centre) е референтен центар за наука и технологија на ЕУ, кој обезбедува независна научна и техничка поддршка за креирање и спроведување на политиките на Унијата. Центарот е вклучен и во процесот на нејзино проширување, преку соработка со земјите апликанти обезбедувајќи им техничка поддршка за ефикасно имплементирање на европските закони во областа на науката и технологијата.

Центарот има седум институти во пет земји на ЕУ (Белгија, Германија, Италија, Холандија и Шпанија). мд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан