• четврток, 25 јули 2024

Сончево и топло, максималната температура до 38 степени

Сончево и топло, максималната температура до 38 степени

Скопје, 7 јули 2024 (МИА) - Синоптичарите за денеска најавуваат претежно сончево и топло време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево, тивко и топло. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од УХМР соопштуваат дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. ир/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан