• петок, 05 декември 2025

Промоција на романот „Виенски гамбит“ од Анде Јанков во Македонскиот КИЦ во Софија

Промоција на романот „Виенски гамбит“ од Анде Јанков во Македонскиот КИЦ во Софија

Скопје, 22 мај 2025 (МИА) - Во Македонскиот културно информативен центар во Софија попладнево ќе биде промовирана  книгата „Виенски гамбит“ од Анде Јанков, како дел од проектот „Промоција на книги од македонски автори преведени на бугарски јазик“.

Новоиздадената книга во Софија ќе биде промовирана од издавачот и литературен критичар Пламен Тотев и нејзиниот преведувач Маријан Петров, во присуство на самиот автор.  

Анде Јанков по професија е дипломиран економист кој работи во приватниот сектор повеќе од десет години. Освен пишувањето, во слободното време ужива и во патувања. Тој почнал да пишува кратки раскази во тинејџерските години, а сега пишувањето книги го смета за една од најголемите љубови во својот живот. 

„Виенскиот гамбит“ е неговата прва книга за полицаецот Виктор Николов. По големиот успех што романот го уживаше меѓу читателите, Анде замислува уште седум приказни што ќе го следат решавањето на различни, сè покомплицирани случаи.вј/лв/

Фото: Анде Јанков

Остани поврзан