• петок, 08 ноември 2024

Променливо облачно и ветровито

Променливо облачно и ветровито

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито со локален дожд, претежно во западните и јужните делови, каде е можна и појава на грмежи. Ќе дува засилен североисточен ветер на места со брзина од над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 27 степени.

Утре и в четврток ќе има повеќе сончеви периоди и услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Потоа се очекува стабилно и потопло време.вј/са/

Фото. МИА архива

Остани поврзан