Презентација на Извештајот на Светска банка „Business Ready“ и на препораките за развивање на приватниот сектор
- Во Собранието денеска ќе се одржи презентација на Извештајот на Светска банка „Business Ready“ и на препораките за развивање на приватниот сектор.

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи презентација на Извештајот на Светска банка „Business Ready“ и на препораките за развивање на приватниот сектор.
Извештајот ќе го презентираат претставници на Светска банка на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на настанот се поканети претставници на ресорните министерства и на надлежни институции, на невладиниот сектор, на стопанските комори и на Организацијата на работодавачи. фф/aa/
Фото: МИА Архива