• среда, 25 декември 2024

Предлог деловникот на Собранието на дневен ред на денешната пленарна седница

Предлог деловникот на Собранието на дневен ред на денешната пленарна седница

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) -  Предлог деловникот на Собранието на Република Северна Македонија во прво читање е ставен на дневен ред на денешната 127. пленарна седница.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го поднесе во редовна собраниска процедура Предлог деловникот за работа на Собранието, кој што е производ на повеќегодишна посветена работа на учесниците во процесот на Дијалогот Жан Моне.

Во Предлог деловникот е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав што всушност придонесе многу во донесувањето на непристрасни решенија со консензус и за пратениците од власта и за пратениците во опозиција.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог законот за ратификација на амандманите на Договорот за основање на Европската банка за обнова и развој, Предлог законот за ратификација на Договорот за културна соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната  во- второ читање, Предлог одлуката за избор на претседател, членови и нивни заменици на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, Предлог одлуката за објавување јавен оглас за за избор на заменик - директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Предлог одлуката за објавување јавен оглас за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и Предлог законот за изменување на Законот за даночно ослободување со цел реализирање на Одлуката за склучување на Анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата, по скратена постапка.

За денеска се закажани и 125. и 126. собраниска седница. дма/лв/

Фото:МИА архива

Остани поврзан