• понеделник, 23 декември 2024

Панел-дискусија на АХВ за управување со популацијата на бездомни кучиња

Панел-дискусија на АХВ за управување со популацијата на бездомни кучиња

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) – Ветеринарната комора на РСМ денеска со почеток во 9:30 часот во Клуб на пратеници ќе одржи панел-дискусија на тема „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на бездомни кучиња“.

На настанот обраќање ќе има директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) д-р Оливер Миланов.

Во продолжение, претставници од институциите, локалните самоуправи, невладините организации за заштита на животните, Ветеринарната комора на РСМ, од науката - Факултет за ветеринарсна медицина – Скопје, Универзитет за ветеринарна медицина Виена, Австрија, како и претставници од невладина организација за заштита на животните од Австрија, ќе ги презентираат начините на управување со популацијата на бездомни кучиња, а споделени ќе бидат и искуства за справување со бездомните животни во европските земји, од аспект на одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните.

Настанот се организира на иницијатива на Ветеринарната комора на РСМ со финансиска и организациона поддршка на Амбасадата на Република Австрија и Агенцијата за храна и ветеринарство. ар/ев/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан