Отчет на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски
- - Работевме посветено, поставивме темели и почнавме процеси што значат реални промени за градот. Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните, затоа ве поканувам да ги споделиме резултатите и плановите што следуваат, вели Ѓорѓиевски.
Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ќе даде отчет за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
- Работевме посветено, поставивме темели и почнавме процеси што значат реални промени за градот. Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните, затоа ве поканувам да ги споделиме резултатите и плановите што следуваат - вели Ѓорѓиевски.
Настанот по овој повод ќе се одржи во Македонската филхармонија. мч/ац/
фото: МИА архива