• понеделник, 23 декември 2024

МНТ со претставата „Лагата“ ќе учествува на фестивалот „Албански театар во РСМ“ во Дебар

МНТ со претставата „Лагата“ ќе учествува на фестивалот „Албански театар во РСМ“ во Дебар

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Македонскиот народен театар денеска ќе учествува на 23. фестивал „Албански театар во РСМ“ во Дебар со претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи. Во претставата играат Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

-Покрај учеството на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Јордан Симонов за улогата на Павле го доби највисокото актерско остварување, лауреат, ова е второ фестивалско учество на претставата, соопшти МНТ.

Фестивалската програма почна на 24-ти и ќе трае до 30 септември 2024. Во натпреварувачкиот дел од програмата ќе учествуваат седум претстави од театри од нашата земја, Албанија и Косово.

-Во изминатите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Франција, Швајцарија и од САД, информира Македонскиот народен театар. хс/са/

Фото: МНТ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан