• сабота, 05 октомври 2024

Мицкоски, Агелер и Мисајловски на методско-показна вежба на „Криволак“

Мицкоски, Агелер и Мисајловски на методско-показна вежба на „Криволак“

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе присуствуваат на денешната методско-показна вежба на армискиот полигон „Криволак“.

Како што информираа од Министерството за одбрана, припадниците на Армијата од лесната пешадиска борбена група ќе реализираат вежба со боеви гаѓања - демонстрација на капацитетите и способностите.

- По реализација на вежбата ќе биде одржан и тактичко-технички збор, каде ќе биде претставена дел од новопримената опрема, како дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. бд/са/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан