• четврток, 07 ноември 2024

Министерот Љутков на конференција за развој на креативен туризам - Обединување на сите чинители

Министерот Љутков на конференција за развој на креативен туризам - Обединување на сите чинители

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Во организација на Skopje Design week 2024, во соработка со Министерството за култура, денеска во Скопје ќе се одржи конференција за развој на креативен туризам - Обединување на сите чинители.

Конференцијата, како што соопштија организаторите, е прва јавна дискусија која има за цел да ги расчлени и расветли сегментите кои се однесуваат на обединување на културата и туризмот која е востановена неодамна во ресорот на Министерството за култура и туризам.

- Воедно таа има за цел да ги обедини сите чинители кои со своите искуства можат да допринесат во насока на раст и одржлив развој на оваа тема, се посочува во соопштението.

Најавено е и воведно излагање на конференцијата на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Вашето присуство е од исклучително значење за јавноста да може подобро да се запознае со новите принципи кои ќе ги обединат секторите култура и туризам за подобра економска и културолошка слика на државата.

Оваа конференција со примеси на панел дискусија, има за цел да ги доближат сeкторот култура (поконкретно креативните индустрии) и секторот туризам.

- Во овој момент овие два сектора едвај имаат допирни точки и секаков вид на соработка е сосема случајна. За да се отпочне со било каква соработка потребно е овие сектори вистински да се запознаат и да се детектираат можностите и областите на соработка. Со други зборови, ова е еден здрав обид да се спои убаво и корисно за двете страни. Skopje Design Week во соработка со Министерството за култура и туризам, во име на креативните индустрии во Македонија, се наведува во соопштението од организаторите.

Од оваа конференција се очекува да произлезат идејни проекти за понатамошна соработка на поле на култура и туризам.

Првиот панел ќе биде на темата „Културните оператори двигатели на локален економски раст и развој – привлекување странски посетители“

Вториот панел е на темата „Како да ги разбереме туристите кои ни доаѓаат?“. цр/са/

Фото: принтскрин 

Остани поврзан