• вторник, 27 август 2024

Книжевна средба со Матијас Енар, лауреат на Гонкуровата награда

Книжевна средба со Матијас Енар, лауреат на Гонкуровата награда

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар, вечер ќе се одржи во просториите на Европска куќа во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје под мотото „Најдоброто од Франција“. 

Матиjас Енар е реномиран француски писател и преведувач и добитник на бројни книжевни награди, меѓу кои и најпрестижната француска книжевна награда, Гонгуровата награда. По образованието во Школата Лувр, заминува да студира арапски и персиски во INALCO (Институт за студии на ориентални јазици). По долгиот престој на Средниот Исток, во 2000 година, се сели во Барселона. Таму уредува неколку списанија од областа на културата. Исто така, членува во редакцијата на списанието „Inculte” во Париз а, во 2010 година, предава арапски јазик на Универзитетот во Барселона. „Совршен истрел” е неговиот прв роман, објавен во 2003 година.

Романот „Бусола“, за којшто тој ја доби Гонкуровата награда во 2015 година, е објавен од „Антолог“, во превод на Владо Ефтимов. вј/аа/

Фото: Антолог

 

Остани поврзан