• среда, 27 ноември 2024

Интерактивен настан со граѓани по повод Меѓународниот ден за пристап до информации од јавен карактер

Интерактивен настан со граѓани по повод Меѓународниот ден за пристап до информации од јавен карактер

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Интерактивен настан со поширока група граѓани во најголемите трговски центри во Скопје (Ист Гејт и Сити Мол) организира денеска Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по повод Меѓународниот ден за универзален пристап до информации од јавен карактер.

Преку настанот, наведува Агенцијата, би се промовирало правото за слободен пристап до информации од јавен карактер како едно од основните човекови права.

-Граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со нивното право на пристап до информации од јавен карактер, како и правните механизми за заштита на ова право. За таа цел, нашиот тим на правници ќе биде достапен од 12-18 часот на истакнати локации во Ист Гејт и Сити Мол, каде што граѓаните ќе можат лично да поразговараат со правниците за сите прашања што ги интересираат во врска со реализација на нивното прав за пристап до информации од јавен карактер, информира Агенцијата. мч/аа/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан