• вторник, 24 декември 2024

Закажан втор концерт на проектот Македонисимо

Закажан втор концерт на проектот Македонисимо

Скопје, 31 март 2024 (МИА) – По распродадениот прв концерт на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, закажан за 1 април, Камерниот оркестар „АЈГА“ во соработка со КултурОп закажа втора концертна изведба.

Втората изведба ќе се одржи на 31 март со почеток во 20 часот на големата сцена на Македонската филхармонија. 

– Со оглед на програмскиот распоред на учесниците и достапноста на големата сцена на Македонската филхармонија, но и на почитта кон веќе потврдените концерти на други македонски музички уметници, вториот концерт ќе се одржи ден порано, на 31 март, стои во соопштението на КултурОп.

Како што информираат од КултурОп, двете концертни вечери ќе го означат стартот на првото издание на „Скопје интернационалниот музички фестивал“ што го организира Камерниот оркестар „АЈГА“. ра/бак/

Фото: КултурОп

 

Остани поврзан