• вторник, 24 декември 2024

Евроамбасадорот Гир во посета на Виница

Евроамбасадорот Гир во посета на Виница

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, денеска ќе ја посети Општина Виница во рамки на серијата општински посети чија цел е да ја презентира вистинската додадена вредност на Европската Унија за граѓаните на Северна Македонија и придобивките од процесот на пристапување во ЕУ на локално ниво (региони, градови и села).

Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ, за време на престојот во Виница, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации.

Тој ќе учествува и на дебата со граѓаните „Прашајте го амбасадорот“ со цел да се разговара за прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.

-Тоа ќе биде можност за граѓаните на Виница да зборуваат за нивното искуство поврзано со ЕУ на сесијата „Сподели ја својата приказна за ЕУ“, наведуваат од Делегацијата на ЕУ во земјава. вг/нд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан