Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа
- Во Ресен денеска ќе им бидат доделени сертификати на 145 земјоделци од Преспа, за одржливо земјоделство, кои ги следеле обуките што се одржувале во текот на минатиот месец.
Ресен, 13 декември 2024 (МИА) - Во Ресен денеска ќе им бидат доделени сертификати на 145 земјоделци од Преспа, за одржливо земјоделство, кои ги следеле обуките што се одржувале во текот на минатиот месец.
Обуките се дел од проектот „ЕУ за Преспа – обнова на природните ресурси за зајакнување на одржливото земјоделие и туризам“, финансиран од Европската Унија, кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации во партнерство со општина Ресен, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање. цр/са/
Фото: принтскрин