• четврток, 29 август 2024

Денеска и утре времен режим на улица „Даме Груев“ во Скопје

Денеска и утре времен режим на улица „Даме Груев“ во Скопје

Скопје, 16 мај 2023 (МИА) - Од ЈП Улици и патишта Скопје информираат дека во зависност од временските услови денеска и утре ќе се реализират градежни активности за асфалтирање на пешачки патеки на ул. „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“.

Во периодот од 8 часот наутро до 15 часот попладне, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

- Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една коловозна лента на 16.05.2023г., а потоа на 17.05.2023г. ќе биде затворена и другата коловозна лента во спротивната насока, појаснуваат од ЈП Улици и патишта Скопје.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот до завршување на градежините активности да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. цр/

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан