• сабота, 23 ноември 2024

Дебата за ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните

Дебата за ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) – Дебата на тема „Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ во организација на Центарот за граѓански комуникации денеска ќе се одржи во Скопје на која ќе биде претставено Истражувањето на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.

Целта на дебатата е да се придонесе кон реална оценка на влијанието што врз Буџетот го имаа политиките и мерките што се преземаа како одговор на финансиската и енергетската криза. На неа ќе учествуваат и главниот државен ревизор, Максим Ацевски и даночниот и финансиски експерт, Павле Гацов. вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан