Три нови е-услуги ќе бидат промовирани во Куманово
- Во Една точка за услуги (ЕТУ) Куманово, денеска ќе бидат промовирани е-услугите: Регистрација на Еид (eID), Увид во листа на логови за спроведен пристап до личните податоци на корисникот и Потврда за содржани лични податоци во Централниот регистар на население Место на одржување.
![Три нови е-услуги ќе бидат промовирани во Куманово](https://mia.mk/index.php/images/20230528151505_big_730x400_57.webp )
Скопје, 29 мај 2023 (МИА) – Во Една точка за услуги (ЕТУ) Куманово, денеска ќе бидат промовирани е-услугите: Регистрација на Еид (eID), Увид во листа на логови за спроведен пристап до личните податоци на корисникот и Потврда за содржани лични податоци во Централниот регистар на население Место на одржување.
На промоцијата е најавено учество на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и на претседателот Стево Пендаровски. вј/бак/
Фото: МИА архива