• вторник, 26 ноември 2024

Во Куманово јавна дискусија на тема „Идни заложби за добро управување и поефикасна јавна администрација

Во Куманово јавна дискусија на тема „Идни заложби за добро управување и поефикасна јавна администрација

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Министерството за јавна администрација денеска во Куманово организира јавна дискусија на тема „Идни заложби за добро управување и поефикасна јавна администрација” како дел од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација”.

Ова е втора јавна дискусија за предлог-законите со учество на општинската администрација организирана од Министерството со поддршка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

-На настанот ќе се адресираат клучните предизвици во различни сфери од работата на администрацијата и институциите од јавниот сектор, но ќе се дискутира и за последните предложени законски решенија во областа кои повторно ги отвораме за јавноста во насока на поквалитетни решенија за уредување на работата на јавната администрација, велат од ресорното Министерство. мч/нд/

фото: Министерството за јавна администрација

 

 

Остани поврзан