• среда, 25 декември 2024

Во ИНОФЕИТ одбележување 75 години постоење на Одделот за процесирање сигнали на ИЕЕЕ

Во ИНОФЕИТ одбележување 75 години постоење на Одделот за процесирање сигнали на ИЕЕЕ

Скопје, 16 јуни 2023 (МИА) - Факултетот за електротехника и информациски технологии информираат дека денеска ќе го претстави тимот „NeuroFEEIT”, кој победи на натпревар на светското студентско финале за процесирање сигнали, а ќе се одбележи и 75 години од постоење на Одделот за процесирање сигнали на ИЕЕЕ на ФЕИТ.

Планирано е обраќање на професор доктор Анастас Мишев - претседател на македонската секција на ИЕЕЕ, професор доктор Софија Богданова, која ќе говори за историја и развој на Одделот за процесирање на сигнали во Македонија, како и на дипломираниот инженер Даниела Јанева, која ќе го претстави победничкиот тим на натпреварот IEEE ICASSP SP Cup.

- Натпреварот беше организиран од одделот за процесирање сигнали IEEE SPS и Центарот за истражувања во невровизуелизација и наука за податоци (TReNDS)] (https://trendscenter.org/) при Институтот за технологија на Џорџија, САД. Тимот беше воден од магистрантката Даниела Јанева, а во него учествуваа додипломците Стефан Крстески, Матеа Ташковска, Ана Крстевска, Ангела Мешкова, Душан Мерџановски, Марио Величковски и Марко Палоски. Ментор на тимот беше вонредниот професор доктор Бранислав Геразов, се наведува во соопштението. бд/са/

Фото: ФЕИТ

Остани поврзан