• сабота, 23 ноември 2024

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вода

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вода

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода. фф/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан