• понеделник, 16 декември 2024

Амбасадата на Србија во Битола го одбележува Денот на примирјето

Амбасадата на Србија во Битола го одбележува Денот на примирјето

Битола, 11 ноември 2024 (МИА) - Амбасадата на Република Србија денеска во Битола ќе го одбележи 11 Ноември, Денот на примирјето, ден кој во светот се одбележува како ден кога заврши Првата светска војна.

На српските воени гробишта во Битола цвеќе ќе положат делегација на македонското Собрание составена од пратеничките Олга Лозановска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Силвана Ангеловска, претставникот на Владата на Република Србија Зоран Антиќ, државен секретар во Министерството за труд, вработување и социјални прашања, српската амбасадорка во земјава Невена Јовановиќ и полковник Небојша Ѓорѓевиќ.

Според востановената традиција, српската делегација ќе ги посети и пелагониските села Добровени, Живојно, Бач и Скочивир, каде ќе одржат историски час, сеќавање за жртвите од воените дејствија во периодот од 1914 до 1918 година и 11 ноември, Ден на примирјето.мт/са/

Фото: МИА

Остани поврзан