• петок, 05 декември 2025

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Скопје, 18 октомври 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До вторник ќе преовладува претежно стабилно време, а во среда повторно се очекуваат локални врнежи од дожд. ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан