• вторник, 31 март 2026

Дебата за институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата

Дебата за институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата

Скопје, 24 март 2026 (МИА) - „Институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата во Република Северна Македонија: европски перспективи и национални практики“ е тема на денешната сесија на Националната конвенција за Европската Унија во земјата.

НКЕУ-МК е домаќин на 7. сесија на работната група 6 - Антикорупција (Поглавје 5 - Јавни набавки, Поглавје 18 - Статистика и Поглавје 32 - Финансиска контрола) како дел од Кластерот 1 - Фундаментални вредности од преговарачката рамка за пристапување во Европската Унија, во организација на Европското движење.

На дебатата посебен акцент ќе се стави на потребата од ефективна институционална координација, систематска размена на податоци и воспоставување применливи механизми за следење на резултатите од антикорупциските политики како клучен предуслов за нивна реална и одржлива имплементација. Истовремено ќе се разгледуваат и европските приоритети поврзани со финансиските истраги и конфискацијата на имот.

Воведно обраќање во темата ќе има директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, а онлајн ќе се вклучи Лука Фортелеони, член на бордот на Италијанскиот национален орган за борба против корупцијата.

На сесијата исто така ќе учествува и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, и претставници на институциите, на граѓанските организации, како и на академската заедница, судии, обвинители и експерти. ац/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан