Наутро со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево и потопло

Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Времето наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.
Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен праве