Четворица пациенти транспортирани во Србија и Софија, се очекува и двајца кои се со респираторна поддршка да бидат транспортирани (видео)
- Директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски ", Небојша Настов во изјава за медиумите попладнево истакна дека првата тура од двајца пациенти кои беа зависни од респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. Посочи дека втората група од двајца пациенти што пред некоја минута ја напуштиле болницата, во договор со Владата на Србија се транспортирани во Воената болница во Ниш и во Воената болница во Белград.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски ", Небојша Настов во изјава за медиумите попладнево истакна дека првата тура од двајца пациенти кои беа зависни од респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. Посочи дека втората група од двајца пациенти што пред некоја минута ја напуштиле болницата, во договор со Владата на Србија се транспортирани во Воената болница во Ниш и во Воената болница во Белград.
Настов информира дека здравствената состојба на другите останати пациенти е стабилна. Посочи дека на Клиниката се наоѓа уште еден пациент кој е на респиратор и кого го подготвуваат да биде транспортиран во Турција и уште еден пациент кој не е на респираторна поддршка но, како што кажа директорот, постои голема веројатност дека ќе има потреба да биде транспортиран.
- Работата е што нас ни се потребни фамилиите, во еден дел прво да ги известиме за тоа што го планираме, а потоа потребни се патните исправи за да можат пациентите да се транспортираат. За среќа и пациентите кои отидоа во Бугарија излезе дека со некој меѓудржавен договор нема потреба од патни исправи, истото важи и за Србија, рече Настов. фф/бак/
Фото: МИА