• недела, 28 јули 2024

Насилна смрт откри обдукцијата кај 35-годишниот скопјанец, пронајден во опожарениот стан во Хром

Насилна смрт откри обдукцијата кај 35-годишниот скопјанец, пронајден во опожарениот стан во Хром

Скопје, 23 септември 2023 (МИА) - По извршена обдукација, утврдени се траги на насилство и насилна смрт, како последица на убоди од остар предмет врз И.Ј. (35) од Скопје, кој вчера беше пронајден во опожарениот стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром, соопшти МВР.

- СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје презема мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Пожарот вчера, во 9.47 часот, бил пријавен во СВР Скопје. Пожарот беше изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. мд/хс/

фото: МИА архива 

Остани поврзан