Народна банка на Србија: Бруто девизните резерви на крајот на мај 27,39 милијарди евра
Белград, 13 јуни 2025 (МИА) - На крајот на мај, бруто девизните резерви на Народната банка на Србија се на ниво од 27.398,9 милиони евра, 306,5 милиони евра помалку отколку на крајот на април, објави денеска централната банка.
Тој износ на девизни резерви обезбедува покриеност на паричната маса М1 од 166,7 проценти и 6,6 месеци увоз на стоки и услуги, што е повеќе од двојно од стандардот што го одредува соодветното ниво на покриеност на увозот на стоки и услуги со девизни резерви, соопшти НБС.
На крајот на мај, нето девизните резерви (бруто девизни резерви минус девизните средства на банките врз основа на задолжителни резерви, обврските кон Меѓународниот монетарен фонд врз основа на аранжмани и други основи) изнесуваа 23.063,7 милиони евра. Во споредба со крајот на април, тие се за 270,0 милиони евра помалку. зш/