• среда, 25 декември 2024

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Скопје, 16 јуни 2022(МИА)-Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година, информираат од НБ.

Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник).

 -Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија, соопштуваат од Народна банка.

 Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

 Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.ир/са/

Остани поврзан