• сабота, 16 ноември 2024

Намалени за еден процент цените на производите во грчките супермаркети

Намалени за еден процент цените на производите во грчките супермаркети

Атина, 30 август 2024 (МИА) – Во август годинава цените на производите во супермаркетите во Грција се намалиле во просек за 1,08 отсто споредено со истиот период лани, а намалување имало во 14 од 23 категории производи, согласно резултатите од истражувањето на Институтот за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина.

Најголеми намалувања на цените биле регистрирани кај детергентите и средствата за чистење (за 6,68 проценти), кај козметиката и средства за лична хигиена (5,16 отсто), кај храната и производите за домашни миленици (4,78 проценти), кај детската и бебешка храна (за 4,28 отсто), како и кај свежото овошје и зеленчук (за 2,84 проценти).

Намалувањето на цените на свежото овошје и зеленчук, според ИЕЛКА се должи на релативно подобрите временски услови на почетокот на летото во однос на 2023 година, а на останатите категории поради нормализирањето на пазарот по пандемијата и на намалувањето на производните цени на некои производи.

Од друга страна, зголемувања на цените имало кај свежите риби и морски плодови, бисквитите, чоколадите и алкохолните пијалаци.

Во истражувањето биле вклучени 23 категории производи, од кои 14 бележат намалување, а девет зголемување на цените.ср/

Фото: Архива МИА

Фото: Архива МИА

Остани поврзан